Изминаа двата дена одмор на Европското фудбалско првенство во Германија, а сега на ред е борбата за финалето. Први на „мегдан“ на „Алијанц Арена“ во Минхен ќе излезат светските велесили Шпанија и Франција.
Европската јавност овој натпревар го најавува како „дуел на титаните“. Две селекции кои зад себе во историјата имаат огромни остварувања, не само на европските туку и светските првенства.
Шпанија брка перфектни шест од шест за финале
Шпанија е непоразена селекција на турнирот досега, ги доби сите пет натпревари. „Црвената фурија“ е на првото место по бројот на постигнати голови, со 11 погодоци.
Многумина негодуваа на изборот на селекторот Луис Де ла Фуенте за ова ЕУРО. Сепак, постигнатите резултати, а пред се импресивната ефикасна игра, ги затвори устите и на најголемите критичари. Шпанците се одлично покриени на секој дел о теренот, а Де ла Фиенте, има и соодветни замини. Тоа се потврди во четвртфиналето кога Олмо го замени Педри и постигна гол против Германците.
Хедикеп вечерва ќе биде отсуството на Дани Карвахал и Робин ле Норманд во бековакста линија, кои ќе го пропуштат мечот поради суспензија.
Шпанците го бркаат своето четврто финале, прво по пауза од 12 години кога во 2012-тата ја освоија третата титула.
Ќе се разбуди ли неубедливата Франција!?
Французите пред европското ја имаа улогата на втор фаворит за трофејот. Сепак, триколорите беа неубедливи во своите настапи.
Тие до полуфиналето стигнаа без да постигнат гол од игра. Клучната причина за неефикасност на Франција е лошата форма на Килијан Мбапе и Антоан Гризман. Селекторот Дешамп нема проблеми во изборот на составот. Франција ќе биде комплетна бидејќи заврши суспензијата на Адриен Рабиот и нема повредени.
Французите последен пат играа во финалето 2016-тата кога загубија од Португалија пред својата публика. Тие атакуваат на четвртото финале.
А, кој ќе ја има можноста во недела во Берлин да се бори за трофејот, ќе бидиме по дуелот што ќе почне од 21 часот.
Утре ќе се игра второто полуфинале во кое ќе се сретнат Англија и Холандија.