Фудбалерите на Австрија и Турција се последната двојка од осминафиналето на Европското првенство.
Репрезентацијата на Австрија има долга традиција на настап во Европските првенства. Учеството во Германија е нивно четврто во историјата. Во Германија пристигнаа со желба да направат исчекор во однос на претходното првенството, кога беа елиминирани во осминафиналето.
Австрија го освои првото место во групата Д, а избраниците на Ралф Рагник ќе бараат да го продолжат натпреварувањето на Европското првенство. Австријците заврши пред фаворизираните Франција и Холандија. Тоа им дава за право да се надеваат на место меѓу ТОП осумте селекции.
Репрезентацијата на Турција е редовен учесник на Европските првенства од 90-тите години.
Но, Турците само трет пат ќе играат во нокаут рундата. Избраниците на тренерот Винченцо Монтела сакаат да го повторат успехот од 2000 или 2008 година, кога играа четвртфинале или полуфинале.
Турција го освои првото место во евроквалификациите во конкуренција на Хрватска и Велс, а другарството на селекторот Монтела со играчите и талентираниот тим влева доверба дека можат да направат добар настап.
Кој ќе биде последниот четвртфиналист ќе дознаеме вечерва по дуелот што ќе се игра во Лајпциг со почеток од 21 часот.