Македонија доби уште еден учесник на Летните Олимписки игри во Париз 2024. Тоа е Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво.
Таа ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка 60 истрели. Нејзиниот настап според програмата на игри ќе биде на 28 јули 2024 година.
Анастасија Мојсовска е млада спортистка на 22 годишна возраст, но е докажана повеќе кратен Државен првак и рекордер на Македонија.
Анастасија на последниот Светски куп во Минхен, каде оствари нов Државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови. Тоа е конкурентен резултат за влез во финале на игри во Париз. Споредено со претходните Олимписки игри во Токио каде што за влез во финале беа потребни 628,5 кругови.
Претходно МОК го потврди настапот на атлетичарот Дарио Ивановски и таеквондистката Милијана Релиќ.