Новиот ден на ЕУРО 2024-та во Германија ги носи последните четири натпревари од групната фаза. По два ќе се играта во термините од 18 и 21 часот, а по нив ќе дознаеме сите репрезентации кои ќе се пласираат во осминафиналето.

Први на програмата се натпреварите од групата Е, меѓу Словачка и Романија, односно Украина и Белгија.

Во оваа конкуренција сите четири репрезентации имаат по три бода, па сите можат до осминафиналето или да го завршат настапот на првенството.

Она што ќе привлече внимание е дуелот меѓу Словачка и Романија. Имено на двете селекции доволен им е нерешен резултат, па шпекулациите дека мечот така и ќе заврши се актуелни деновиве.

Затоа пак на дуелот меѓу Белгија и Украина, калкулациите се едноставни. Украина мора да победи за да биде 100% сигурна дека ќе мине во нокаут фазата. Само така Украинците нема да зависат од мечот меѓу Словачка и Романија.

Белгијците секако ќе атакуваат на победа како би потврдиле дека не случајно се броени меѓу петте селекции фаворити за трофејот.

Натпреварите во Франкфурт и Штутгарт ќе почнат во 18 часот.

РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ/ГРУПИ | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА