Репрезентацијата на Шпанија без притисок ќе го игра вечерашниот натпревар со Албанија. Во Диселдорф ќе се игра еден од двата натпревари од последното 3.коло во Б групата на ЕУРО 2024-та.
„Црвената-фурија“ си ја заврши работата, но секако ќе сакаат Шпанците со уште еден триумф да го потврдат првото место во групата.
Албанците пак бркаат историја за нив. Тие покажаа голема пожртвуваност и борбеност на теренот, но не беа наградени со многу бодови.
За да се пласира во нокаут фазата, Албанија ќе мора да ја победи Шпанија, бидејќи со реми и само два бода тешко може да се надеваат на осминафиналето. Со триумф над Шпанија и вкупно четири бода, речиси сигурно би го постигнале најголемиот успех.
Пласман во осминафиналето обезбедуваат двете првопласирани од секоја група и четирите најдобри трето рангирани репрезентации на крајот од групната фаза.