Репрезентацијата на Швајцарија е втората по домаќинот Германија која од А групата на ЕУРО 2024-та обезбеди осминафинале.

Ова откако Швајцарците во последното коло останаа не поразени во дуелот со Германија, а Унгарија во 100-тата минута ја победи Шкотска.

На дуелот во Штутгарт, Швајцарците беа пред триумф против Германија со кој ќе завршеа како прво пласирани во групата. Со голот на Ндоје во 28.минута, Швајцарците водеа со 1-0 се до судиското дополнение.

Во втората минута на надополнувањето Филкуруг го израмни резултатот, па Германците завршија како прво пласирани. Швајцарија како втора се пласираа во ТОП-16, а можност за тоа сеуште имаат и Унгарците.

Тие ја победија Шкотска со 1-0 со голот на Чобот во 10-тата минута од судиското дополнение (100-та).

Така Унгарците стигнаа до првите бодови, а со вкупно три се во групата на селекции кои како трето рангирани можат до осминафиналето. Но, за тоа ќе мораат да ги со чекаат резултатите на натпреварите од останатите групи.

Покрај Швајцарија и Германија, пласман во осминафиналето од останатите групи, во кои допрва ќе се игра последното коло, обезбедија Шпанија и Португалија.