Фудбалерите на Белгија не дозволија нов “кикс“ на Европското првенство. По поразот од Словачка во првото коло, во второто од Е групата, Белгијците ја совладаа Романија со 2-0.

На дуелот во Кел, Белгија доминираше во текот на целиот натпревар, кој започна фантастично за „ѓаволите“. ИМено по само 74.секунди игра Белгија преку Тросард поведе со 1-0.

На вториот гол се чекаше се до 64-тата минута кога погоди Лукаку. Но неговиот гол беше поништен поради милиметарски офсајд.

Затоа пак по брзата контра во 80-тата минута, голот на Кевин Де Брујине беше регуларен, па Белгија ја удвои предноста. До крајот на мечот, мрежите мируваа, а Белгија славеше со конечни 2-0.

Сега Белгијците се втори на табелата со три бодови колку што имаат и другите три репрезентации.

Така последното коло закажано за среда (26 јуни) ќе решава кои две селекции директно ќе се пласираат во осминафиналето. Во третата рунда Белгија ќе игра против Украина, а Романија против Словачка.