Репрезентациите на Франција и Холандија одиграа офанзивен, допадлив фудбал, но сепак разочараа. Овие две селекции го одиграа првиот натпревар без голови (0-0) на Европското првенство во Германија.
Повеќе од играта имаа „триколорите“ кои создадоа повеќе шанси, но изостана реализацијата.
Иако во 69-тата минута Думфрис ја затресе мрежата на Французите, сепак по прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен.
Со ваквиот епилог и по еден освоен бод, Холандија и Франција останаа на првите две места со по четири освоени бодови. Но, сега во последното коло ќе мора да решаваат за својата судбина и пласманот во осминафиналето.
Зад нив е Австрија која попладнево ja победи Полска и сега има три бодови, додека Полјаците се на нула.
Така во последното коло закажано за 24 јуни, дуелите Франција – Полска и Холандија – Австрија ќе решаваат кои две селекции сигурно ќе играат во осминафиналето.