Фудбалерите на Украина со големиот пресврт ја совладаа Словачка и остана во игра за осминафиналето на ЕП. Во натпреварот од 2.коло од Е групата, Украинците ја совладаа Словачка со 2-1.
Репрезентацијата на Словачка по првото коло изненадувачки беше на три бода, а на тие крила продолжи и на мечот со Украинците. Словаците одиграа одлично прво полувреме, создадоа шанси и постигнаа еден гол. Се играше 17. минута кога Хараслин нафрли по левото крило, покрај гол-аут линијата, директно до Шранац за сигурен удар со глава .
Речиси половина час ги чекавме Украинците да одиграат на нешто повисоко ниво. Тие се заканат во 28.минута преку Довбик, а потоа и Тимчук ја погоди стативата. Во неколку наврати се истакна Дубравка, а по доброто полувреме на Словачка, во продолжението Украина одигра многу подобро.
Во 54.минутра Зипченко израмни на 1-1. На гол се чекаше до 80-та минута, кога Шапаренко испрати центаршут, а Јаремчук погоди за 2-1 за Украина.
Сега Украина избива на второто место на табелата со три бодови колку што има водечката Романија и трето пласираната Словачка. Неочекувано последна во оваа конкуренција е Белгија, која првите бодови ќе ги бара утре против Романија.