Франција и Холандија ќе водат „борба“ за првото место во групата Д на Европското првенство во Германија. По тешко издвојувани победи и двете репрезентации се желни за прва позиција во групата, за да добијат полесен противник во нокаут фазата.

Франција со една нога е во нокаут фазата, после тешката победа против Австрија.

Автоголот на Воубер се покажа како клучен на натпреварот, и иако Франција имаше налети, среќата и добрата одбрана беа на страна на Австриците. „Петлите” се главни фаворити за освојување на ЕУРО 2024 во Германија, но на терен треба тоа да го докажат против силни селекции со добра и впечатлива игра.

Неизвесен е настапот на најдобриот фудбалер на „триколорите“ Килијан Мбапе, кој поради скршеница на носот, предвреме го заврши дуелот со Австрија. Новиот фудбалер на Реал Мадрид, го одработи вчерашниот тренинг, но дали Дешамп ќе ризикува, останува да се види.

Холандија е во истиот кош како Франција.

Холанѓаните со победата над Полска од 2:1 можат да размислуваат за нокаут фазата. Иако Пољаците одолеаа на скоро сите налети на Холандија, клуч на мечот стаби Воут Вегорст. Тој со својот прв допир го постигна победничкиот гол за Холандија.

Иако се познати како најголеми „потфрливачи” сепак Холандија има состав исполнет со свежи и млади играчи, и искусни ветерани, па коцките треба да ги склопи селекторот Роналд Коман кој не беше најпрославен лик во првото коло против Полска.

Франција и Холандија ќе се борат за првото место, теренот на „Ред Бул Арена” во Лајпциг е подготвен за фудбалски празник како што некогаш тоа било во минатото. Натпреварот ќе се игра во вечерниот термин од 21.