Репрезентациите на Полска и Австрија ќе имаат важно меѓусебно соочување во второто коло во групата Д. Двете репрезентации го загубија својот прв меч, но покажаа сила и умешност за борба.
Полска пријатно ја изненади Холандија во првото коло. Иако загуби со 2:1 оддолеа на скоро сите отпори на Холанѓаните и на самиот крај попуштија и дојдоа до пораз. Полска играше без својот најдобар поединец Роберт Левандовски кој треба да е потготвен за натпреварот против Австрија , на кој Пољаците ќе стремат за победа.
Австрија пак одигра многу цврст натпревар против Франција. Иако загубија со 1:0, Австриците беа послужени и од среќата и од вештата игра во одбраната.
Австрија има фантастични индивидуалци кои не дојдоа до израз против моќната Франција, па затоа ќе сакаат да се поправат против Полска, кој е противник на нивно ниво и со кој можат не само да се носат туку и да триумфираат.
Полска и Австрија немаат освоен бод, но теоретски имаат шанси за нокаут. За тоа ќе мораат и двете репрезентации да бидат безгрешни ако сакаат добар пласман. „Олимпискиот стадион“ во Берлин ќе ги нагости Пољаците и Австриците со почеток од 18 часот.