Својот настап на 17-тото Европско фудбалско првенство денеска го започнуваат репрезентациите на Белгија и Словачка. Ова ќе биде вториот натпревар на денешната програма на ЕУРО во Германија, воедно и втор од „Е“ групата.

БЕЛГИЈА

Репрезентацијата на Белгија во последната деценија е позната како селекција со голем број звучни имиња, но и незначителни резултати.

Овој натпревар го започнува нивното патување кон конечното откупување на генерација фудбалери за кои ова веројатно е последно големо натпреварување.

Селекторот Доменико Тедеско има многу тешка задача, да го фати последниот воз со златната генерација на Белгија и да успее да освои еден од медалите на ЕП.

Витсел , Вертонген, де Бруин, Лукаку, немаат одиграно многу натпревари во дресот на репрезентацијата. Тие се лидери на тимот и носители на играта.

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, е еден од најдобрите на својата позиција, а многу работи во играта на Белгијците ќе зависат токму од него. Заедно со Ромелу Лукаку и Џереми Доку кој е еден од најталентираните во својата генерација, Белгијците очекуваат многу.

Впрочем, Белгија според „букмејкерите“ е меѓу ТОП петте селекции фаворити за шампионскиот трофеј.

СЛОВАЧКА

За разлика од Белгијците, селекцијата на Словачка е аутсајдер во групата, но и на првенството. Со тимската игра во квалификациите покажа дека преку организација може да се носи со европските селекции.

Има исклучително дисциплинирана екипа, добра одбрана која ја држат Дубравка, Шкрињар и Ханко, додека во средниот ред ја има Лоботка. Проблем за репрезентацијата е отсуството на играч кој е сериозна закана кон голот на ривалот.

Тимот е предводен од капитенот Милан Шкрињар, фудбалер на ПСЖ. Тој е еден од најсигурните стопери во Европа и заедно со Давид Ханка од Феенорд се столбот на одбраната. Ним им се придружува и привремениот, но искусен голман на Тотенхем, Мартин Дубравка .

Станислав Лоботка , фудбалерот на Наполи, е задолжен за организација на играта и поврзување на одбраната и нападот.

Колку дисциплината и вербата на Словаците, ќе бидат доволни да се победи талентот и несомнениот квалитет на Белгијците останува да видиме.

Натпреварот Белгија – Словачка ќе се игра во Франкфурт, со почеток од 18 часот.