Јасно е зошто англискиот селектор Герет Саутгеј најави оставка, ако Англија не успее да го освои шампионскиот трофеј на европското во Германија што почнува утре.

Англискиот селектор е убедливо нај платениот од 24-цата кои ќе ги предводат репрезентациите учеснички на ЕУРО 2024.

Имено годишната плата на Саутгејт изнесува неверојатни 5,8 милиони евра.

Со шестцифрени (милионски) плати може да се пофалат дури 15-мина селектори, а најмалку платениот е Вили Саљол, селекторот на Грузија.

Плати на сите селектори на ЕУРО 2024:

  1. Герет Саутгејт (Англија) – 5,8 милиони евра
  2. Џулијан Нагелсман (Германија) – 4,8 милиони евра
  3. Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони фунти
  4. Дидије Десан (Франција) – 3,8 милиони евра
  5. Роналд Куман (Холандија) – 3 милиони евра
  6. Лучијано Спалети (Италија) – 3 милиони евра
  7. Виченцо Монтела (Турција) – 1,8 милиони евра
  8. Мурат Јакин (Швајцарија) – 1,6 милиони евра
  9. Ралф Рангник (Австрија) – 1,5 милиони евра
  10. Доменико Тедеско (Белгија) – 1,5 милиони евра
  11. Златко Далиќ (Хрватска) – 1,5 милиони евра
  12. Драган Стојковиќ (Србија) – 1,4 милиони евра
  13. Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 1,25 милиони евра
  14. Сергеј Ребров (Украина) – 1,25 милиони евра
  15. Каспер Хјулманд (Данска) – 1,15 милиони евра
  16. Силвињо (Албанија) – 0,75 милиони евра
  17. Михал Пробиерц (Полска) – 0,56 милиони евра
  18. Стив Кларк (Шкотска) – 0,55 милиони евра
  19. Франческо Калкона (Словачка) – 0,54 милиони евра
  20. Марко Роси (Унгарија) – 0,3 милиони евра
  21. Матјаж Кек (Словенија) – 0,3 милиони евра
  22. Иван Хашек (Чешка) – 0,25 милиони евра
  23. Едвард Јорданеску (Романија) – 0,24 милиони евра
  24. Вили Сањол (Грузија) – 0,2 милиони евра