Полската фудбалска репрезентација ќе биде видно ослабена во нападот на пристојното Европско првенство.
Имено, Полјаците очекуваа многу од тандемот Левандовски-Малик, сепак напаѓачот на Јувентус нема да настапи на шампионатот.
Имено, Аркадиуш Милик беше повеќе од сигурен во составот на Полска, сепак поради повреда на коленото, ќе го пропушти првенството.
Првотимецот на Јувентус имаше пех на пријателски натпревар со Украина, па во последен момент отпадна од списокот.
„Повредени се неколку играчи, но повредата на Милик, за жал, се покажа како сериозна за фудбалерот да не биде избран за Европското првенство“,
информираа од полската фудбалска федерација.
Полска на ЕУРО 2024, ќе игра во групата Д против селекциите на Франција, Австрија и Холандија. Основна цел ќе и биде да ја помине групата.