репрезентацијата на Италија е актуелен европски фудбалски првак. Но, Азурите ќе имаат тешка задача да ја одбраната титулата. „Букмејкерите“ не ги вметнуваат во трите селекции со најголеми шанси за трофејот.

Шансите за Италија повторно да биде шампион им се намалија откако на ждрепката тие беа сместени во групата на „смртта“ заедно со Шпанија, Хрватска и дебитантот Албанија.

Лучијано Спалети и неговите избраници ќе има тешка задача, а во најмала рака во споменатата конкуренција. Притоа за пласман во следната фаза ќе им требаат и доволно бодови за да бодат меѓу четирите најдобро трето рангирани.

Во тимот на Италија кој ќе патува на ЕУРО отпаднаа: Иван Проведел, Рикардо Орсолини и Самуеле Ричи, што и не е некое изненадување.

СОСТАВ НА ИТАЛИЈА:

Голмани : Донарума (ПСЖ), Викарио (Тотенхем), Мерет (Наполи).

Одбрана : Ачерби (Интер), Бастони (Интер), Дармијан (Интер), Скалвини (Аталанта), Бонџорно (Торино), Манчини (Рома), Калафиори (Болоња), Ди Лоренцо (Наполи), Беланова (Торино), Димарко ( Интер), Камбијасо (Јувентус),

Среден ред : Барела (Интер), Фратези (Интер), Кристанте (Рома), Пелегрини (Рома), Фаџоли (Јувентус), Жоргињо (Арсенал), Фолорунсо (Верона),

Напад: Киеза (Јувентус), Распадори (Наполи), Ретеги (Џенова), Скамака (Аталанта), Закањи (Лацио), Ел Шарави (Рома).

Распоред на натпревари (група Б)

  1. коло – 15 јуни
    Италија – Албанија 21.00 (Дортмунд)
  2. коло – 20 јуни
    Шпанија – Италија 21:00 (Гелзенкирхен)
  3. коло – 24 јуни
    Хрватска – Италија 21:00 (Лајпциг)

Најголеми успеси на Италија

Рангирање на ФИФА 9 (4 април 2024 година)
Прв меѓународен натпревар: Италија 6–2 Франција ( Милан , Италија ; 15 мај 1910)
Најголема победа: Италија 9–0 САД ( Брентфорд , Англија ; 2 август 1948 година)
Најголем пораз: Унгарија 7–1 Италија ( Будимпешта , Унгарија ; 6 април 1924 година)
Светско првенство
Настапи: 18 ( прво во 1934 година )
Најдобар резултат: Шампиони ( 1934 , 1938 , 1982 , 2006 година )
Европско првенство
Настапи: 10 ( прво во 1968 година )
Најдобар резултат: Шампиони ( 1968 , 2020 година )

Шанси за освојување на трофејот

Според „букмејкерите“ (Bet 365) репрезентацијата на Италија е дури шестиот рангиран тим со шанси за освојување на трофејот.