Претседателот на МОК, Даниел Димевски, до Генералното собрание на Европските олимписки комитети, поднесе извештај за прогресот организација за Европските младински Олимписки игри Скопје 2025.
Со голема поддршка од страна на Европскиот олимписки комитет и од страна на сите Национални олимписки комитети, извештајот за овој амбициозен проект беше оценет како исклучително успешен.
МОК, во партнерство со македонската влада и градот Скопје, како и во партнерство со националните спортски федерации и приватниот сектор ќе ги организира Европските младински Олимписки игри Скопје 2025.
Игрите ќе се одржат во периодот 19-26 Јули 2025 година, а најдобрите млади македонски спортисти ќе учествуваат во сите спортови кои се на програмата.
Овие игри се најголем Олимписки мулти спортски настан во Македонија од нејзината независност и веруваме дека младите македонски спортисти ќе го прикажат своето најдобро на овие игри и ќе постигнат високи спортски резултати.