Нема одмор за машката одбојкарска репрезентација на Македонија. По големата борба во синоќешниот меч со Хрватска, попладнево македонските одбојкари ќе играат против Шпанија.
Тоа ќе биде последниот натпревар за Македонија во годинашното издание на Европската златна лига.
Шпанија не е на нивото на Хрватска против која македонските одбојкари вчера одиграа фантастичен меч, кој за жал го загубија. Но, ќе смогнат ли сили за уште еден „пеколен“ дуел македонските „Спартанци“ останува да видиме.
Шпанците до сега одиграа четири натпревари и имаат по две победи и порази. Ние пак го бркаме вториот триумф со кој би се израмниле со нив, но и Романија и Белгија.
Дуелот меѓу Македонија и Шпанија ќе почне од 19 часот.