Екипата на Воска спорт, за прв пат во кратката клупска историја беше прволигаш во штотуку завршената сезона. Но, охридскиот тим стигна и до можност да се бори за трофеј.
Воска заврши како деветто пласирана на табелата и следната сезона пак ќе игра во Првата лига. Но утре, Воска ќе игра за трофејот во Купот на Македонија.
Секако тоа е голем мотив за избраниците на тренерот Срѓан Захариевски.
„Првенството го завршивме на посакувано место, па сега ќе играме за трофејот во Купот.
Нашиот противник одигра одличен во втор дел од сезоната и заврши на 4.место, но и ние сме во добра форма.
Долго време сме без пораз и во Скопје дојдовме да се надигруваме и да го освоиме Купот на Македонија“,
изјави тренерот Захариевски.
Капитенот на охриѓани Костадин Захов има искуство од вакви натпревари и верува дека димот може до трофејот.
„Очекувам добар натпревар. Тиквеш е квалитетна екипа, играат офанзивен фудбал и заслужено се тука.
Ние исто така имаме свои очекувања од мечот за титула.
Многу е поинаку од моите претходни искуства во вакви натпревари, веројатно и многу поголем предизвик.
Се надевам дека ќе успееме да стигнеме до пехарот.Блиску сме до пехарот, но треба и да се одигра финалето на најдобар можен начин”,
изјави Захов.
Финалниот меч во Купот на Македонија, ќе се игра утре од 19 часот на арената „Тодор Проевски“.