Македонскиот репрезентативец Ненад Димитриевиќ беше еден од најзаслужните за победата на својата екипа Уникс Казан во дерби дуелот против московска ЦСКА предводена од нашиот стратег Емил Рајковиќ.
Супер интересниот натпревар во кој домаќините на самиот почеток на второто полувреме имаа и 19 поени предност, победникот беше решен во дополнителните пет минути.
Гостите од Москва иако успеаја да ја анулираат големата негатива, сепак немаа доволно сили да направат и комплетен резултатски пресврт.
За најзаслужниот беше Димитриевиќ кој со своите деветте, од 20-те поени што ги постиган Уникс му донесе голем триумф на својот тим.
Нено кој беше најефикасниот играч во победничката екипа, средбата ја заврши со вкупно 24 поени, 3 асистенции и по една асистенција и украдена топка.
Со овој триумф Уникс се доближи на само две победи помалку од ЦСКА, за која ова е втор пораз на последните три средби и воопшто втор во сезоната. Но, мора да се напомене дека Уникс има одиграно и еден натпревар помалку.