Американските скијачи направија големо изненадување со освојувањето на златниот медал на Светското првенство во алпски дисциплини што се одржува во Франција.
Американците во состав Нина О’Брајан, Ривер Радамус, Паула Молцан и Томи Форд, ја изненадија конкуренцијата и стигнаа до златото во тимскиот паралелен слалом.
Тие во финалето беа подобри од норвешкиот тим во состав Кристин Лиздал, Александер Стен-Олсен, Луиза Теа Стјернесунд и Тимон Хауган.
Со бронзата се закити Канада која настапи со: Валери Грение, Џефри Рид, Брит Ричардсон и Ерик Рид, откако во пресметката за 3.место беа подобри од Австријците (Јулија Шајб, Доминик Рашнер, Франциска Рич и Штефан Брејнстајнер).
Утре на програмата на Светското првенство во алпско скијање е паралел трката.