Федерика Брињоне е првата носителка на златен медал на 47-то Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Франција.
Италијанката стигна до златото во комбинација, откако триумфот го најави со одличниот настап во велеслалом, а по слаломската трка оствари недостижен вкупен резултат за конкурентките.
Со заостанување од 1,62.секунди до среброто стигна Швајцарката, Венди Холденер, додека како трето пласирана заврши Рикарда Хасер од Австрија која заостана 2,26.секунди зад победничката.
Топ фаворитката Михаела Шифри, остана без пласман. Американката која беше фантастична во слаломското настап и имаше голема временска предност, направи грешка на претпоследната капија и пропушти можност да стигне до првиот медал од овој Мундијал.
Утре на вториот ден на шампионатот, на програмата е машката комбинација, а првата (велеслаломска) трка е закажана со почеток од 11 часот.