Во кошаркарската ВТБ лига попладнево се одигра големото дерби меѓу московска ЦСКА и Уникс Казан.
Македонската пресметка во руското дерби му припадна на Ненад Димитриевиќ. Токму Нено го предводеше Уникс до гостинска победа кај ЦСКА Москва предводена од тренерот Емил Рајковиќ.
Иако првиот дел го доби ЦСКА, во вториот Димитриевиќ одигра маестрално и го одведе Уникс до победа со 83-73.
Малку недостасуваше Нено да оствари дабл-дабл. Тој натпреварот го заврши како втор стрелец со 17 поени на кои додаде 9 асистенции и 7 скокови.
Уникс е втор на табелата со две победи помалку од ЦСКА, а една повеќе од Локомотив Кубан.