Иако има да се одигра уште еден натпревар, но и дури пет повторени средби од 4.коло во ФА Купот, веќе се познати и двојките за осминафиналето.

Бранителот на трофејот од минатата година и актуелен шампион Манчестер Сити за влез во ТОП-8 ќе игра на гости против Лутон Таун.

Јунајтед пак ќе го чека исходот од повторената средба меѓу Бристол Сити и Нотингем Форест. Истото важи и за Њукасл кој може уште вечерва да го дознае противникот, а по одигрувањето на натпреварот меѓу Блекбурн и Рексам.

Ливерпул за противник ќе го има подобриот од дуелот Вотфорд – Саутемптон.

Осминафиналните натпревари ќе започнат од 26 февруари веднаш по викенд колото.

ДВОЈКИ ЗА 1/8-ФИНАЛЕТО ВО ФА КУПОТ 
ЛУТОН ТАУН – МАНЧЕСТЕР СИТИ (лански победник во ФА купот)
БУРНЕМУТ – ЛЕСТЕР СИТИ
ВУЛВЕРХЕМПТОН – БРАЈТОН и ХОУВ АЛБИОН
Бристол Сити / Нотингем Форест – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
ЛИВЕРПУЛ – Вотфорд / Саутемптон
Блекбурн Роверс / Рексам – ЊУКАСЛ
Шефилд Венсдеј / Ковентри Сити – МАИДСТОН
Челзи / Астон Вила – Лидс Јунајтед / Плимут