Дабл-дабл ефект на Трајковски и Форте

Екипата на Феникс славеше победа над Работнички со 91-88 во последниот натпревар од 12,коло во Првата машка кошаркарска лига.

На средбата одиграна вечерва во СЦ „Јане Сандански“, лоша втора четвртина одигра повеќекратниот шампион, во која постигна само 9 поени, а противникот 23 , па Феникс на одмор замина со предност од 16 поени разлика (50-34).

Во второто полувреме гостите од „Градски парк“ направија серија до 12-0 и се вратија во игра, намалувајќи на -4. Но, домаќините брзо ги консолидираа редовите во последната четвртина влегоа со +11 (66-55)

Во последниот период, Работнички повторно се врати во игра, и во последните 40-тина секунди се влезе со резултат 87-86. Митревски во четирите погодени слободни фрлања (10 од 10) и вкупно 23 поени му донесе победа на својот тим
Ветеранот во редовите на Феникс, Ивица Димчевски натпреварот го заврши со 21 поени од кои 6 тројки од 8 обиди.

Бојан Трајковски и Камерон Форте средбата ја заврши со дабл-дабл ефекти. За домаќините Трајковски на имаше по 16 поени и скокови , а кај гостите Форте заврши со по 19 поени и скокови, додека 19 поени кај Работнички постигна и Филип Бакоќ.

Ова беше последниот натпревар од ова коло, во кое на останатите средби, одиграни порано, беа постигнати следниве резултати:

Еуро Никел – Струмица со 89-72
Кожув – Академија ФМП 108-103
Чаир – Куманово 91-86
Пелистер – Гостивар 117:87
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Скопје 91:81

#ТАБЕЛАБодовиПобедиПорази+/-
1МЗТ СКОПЈЕ А.  23111211
2ПЕЛИСТЕР2193105
3ГОСТИВАР208432
4ТФТ СКОПЈЕ197588
5ЕУРО НИКЕЛ197559
6РАБОТНИЧКИ197571
7ФЕНИКС196549
8КОЖУВ АД1648-92
9КУМАНОВО1539-114
10ЧАИР АД1548-127
11АКАДЕМИЈА ФМП1539-143
12СТРУМИЦА14210-139