Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе и петтиот праз 

Во натпревар од 5.коло на „А“ групата, одигран вечерва во Загреб, екипата на Пелистер е поразена со 27:18.

Натпреварот започна со два гола за домашниот тим. Но тоа беше најголемата предност која загрепчани ја имаа во три наврати. Сепак на паузата се замина со израмнето 10:10.

Во второто полувреме. Македонскиот првак имаше два напади за +2 кои не ги искористи. Затоа на спротивната страна Загреб ги казни бројните две минутни исклучувања и во 47.минута прв пат поведе со +3 (19:16). Од тој момент почна на „тоне бродот“ на пелистерци кои на крајот загубија и убедливо со 9 гола разлика.

 Милош Кос и Алекс Кавчиќ постигнаа по 5 погодоци за победничката екипа, додека кај пелистерци Уроѓ Борзаш беше најефикасен со 3 гола. 

Она што претстои за Пелистер се „Супер дербито“ со Вардар во недела, кое е под знак на прашање.

Во Лигата на шампионите, веќе во среда (25 октомври од 20:45 ч.), во Битола, Еурофарм Пелистер ќе го пречека полскиот Киелце. 

По пет одиграни натпревари Еурофарм Пелистер останува последен без освоен бод, а Загреб има Колку и Албор. 

Попладнево се одигра уште еден натпревар од оваа група. Во него тимот на Колстад му го нанесе првиот пораз на Кил.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – А ГРУПА – 5 КОЛО
четврток
ЗАГРЕБ – Е. ПЕЛИСТЕР 27:18
КОЛСТАД – КИЛ 34:30
20.45 КИЕЛЦЕ – СЕГЕД
среда
ПСЖ – АЛБОРГ 33:30

ТАБЕЛА:
1 КИЛ 8
2 ПСЖ 8
3 КОЛСТАД 4
4 АЛБОРГ 5
5 ЗАГРЕБ 5
6 КИЕЛЦЕ 4
7 СЕГЕД 2
8 Е. ПЕЛИСТЕР 0