Викендов во Формула 1 шампионатот на програмта е 19-тата трка од шампионатот. Домаќин ќе биде САД и трката на патеката во Остин, во Тексас.

Веќе од претходната трка се знае кој е шампион за оваа 2023 сезона во името на холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул.

Тој ја освои третата титула по ред откако на 18 трки оваа сезона собра недостижни 433 бода. Втор е Перез од Ред Бул со 224, а трет Луис Хамилтон од Мерцедес со 194 бода.

На тој начин тој влезе во одбраното друштво на возачи кои три пати ја освојувале титулата во Ф1, Џек Брабам, Џеки Стјуарт, Ники Лауда, Нелсон Пике, Аиртон Сена.

Алан Прост и Себастијан Фетел имаат по 4-ри титули, Хуан Мануел Фанџо има 5. Михаел Шумахер и Луис Хамилтон по 7 титули.

Трката во Остин е долга, 5,5 километри, а ќе се возат 56 круга. Рекордот на патеката го држи Шарл Леклерк од Ферари кој во 2019 година постигна најдобро време.

Низ историјата на оваа трка, Луис Хамилтон има најмногу победи вкупно шест, а Шумахер има пет победи. Во последните две сезони до победата стигна Макс Верстапен.

Првиот и единствен слободен тренинг е закажан денеска од 19 часот, квалификациите се вечерва од 23 часот.

За утре од 19.30 часот се закажани квалификациите за спринт трката, која ќе се одржи на полноќ, а трката за ГН на САД е закажана за в недела од 21 часот.

До крајот на сезоната 2023 во Формула 1 остануваат уште четири трки.