Со натпреварот меѓу Црвена Звезда и францускиот Лион Вилербан започна новата сезона во кошаркарската Евролига.
А, се водиме по народната „денот по утрото се познава“, тогаш сигурно дека и сезонава во белградска „Арена“ ќе биде вистински „пекол“.
Уште на самиот старт фантастична атмосфера направија навивачите на Црвена Звезда популарните „Делии“.
Ова е најава за она што ги очекува противниците на црвено-белите кои ќе гостуваат во Белград.
Но, повеќе од сигурно така ќе биде и на натпреварите на нивните лути ривали.
Партизан лани рушеше рекорди. Одамна пред стартот на новата сезоната, од таборот на црно-белите најавија дека имаат продадено рекорден број на сезонски билети.