Италијанецот Франческо Бањаја е победник на осматта трка во Мото ГП шампионатот што се возеше за ГН на Холандија на патеката во Асен.

Бањаја, кој е актуелен светски шампион, со своето Дукати беше најбрз на денешната трка со време од 40.37.640 минути. Тој прв ја мина целната рамнина пред сонародникот Марко Безеки од ВР46 тимот на Дукати и Алекс Еспаргаро од Арпилија кој го смени Бред Биндер од КТМ на подиумот затоа што беше казнет во финишот па мораше да се задоволи само со четвртотто место.

Трката ја одбележаа големиот број на откажувања и падови на мотоциклистите уште во првите пет круга. Па така истата не ја завршија Квартараро, Зарко, Милер, Вињалес, Бестиа, додека Марк Маркез не настапи поради вчерашниот пад во квалификациите кое резултираше со скршено ребро.

До 10-тото место се пласираа Мартин, Алекс Маркез, Лука Марини, Накагами, Морбидели и Фернандез.

Така сега во Генералниот пласман Бањаја ја зголеми предноста пред Мартин на 35 бода. Италијанецот Бањаја има 195 бода пред Хорхе Мартин од Прамак Дукати со 159 и Безеки со 158 бода.

Следната трка што требаше да се вози во Казакстан е откажана поради корекции на патеката, па така возбудувањата од Мото ГП шампионатот ќе продолжат дури на 6-ти август кога на програмата е трката во Велика Британија на патеката Силверстоун.

Томислав Атанасовски