По голема и неизвесна борба, македонската таеквондистка Милијана Рељиќ не успеа, директно, да се пласира во полуфиналето на  Европските игри што се одржуваат во Краков, Полска.

Рељиќ во категоријата -62 кгр, во четвртфиналето имаше тешка борба со Петра Стобова од Чешка, од која загуби по пребројувањето на поените.

Првата рунда ја доби противничката со 8-3, а втората Милјана со 10-9. Во третата рунда се водеше голема борба за секој поен, а истата заврши нерешено 8-8. Но, компјутерското пребројување на бројот на поените и ја донесе победата на Стобова.

Сепак, нашата таеквондистка Рељиќ сега е во исчекување на новата борба на чешката претставничка, која доколку победи во полуфиналето ќе и донесе нов настап на нашата Милјана во баражот, а со тоа и шанса за медал.