Ракометниот клуб Голден Арт со средба на сите генерации на клубот, во С.Ц “Јане Сандански” ја затвори најуспешната сезона од формирањето на клубот.

На настанот на кој продефилираа ракометарите кои беа дел од сите селекции на колективот Голден Арт, збогатен со ревијален натпревар помеѓу екипите составени од ракометари од различни возрасни категории, беа потенцирани резултатите кои беа постигнати во сезоната 2022/23 и во знак на благодарност за придонесот во развојот на клубот, беа доделени пригодни подароци на четворица сениори, кои на крајот на сезоната го напуштаат клубот.

На вечерашниот настан, на кој партиципира ракометарите од сите селекции на клубот, Голден Арт се заблагодари на играчите кои оставија свој белег во развојот на клубот, почнувајќи од најдобриот стрелец Ивица Илиев, играчот со најмногу настапи Симон Гучески и двајцата битолски ракометари Пеце Рајатоски и Андрија Мандиќ.

Голден Арт и следната сезона ќе биде дел од елитната македонска конкуренција. 

Им посакуваме многу успех.