Еден од најперспективните кошаркари на денешницата, Виктор Вембањама, најверојатно во Сан Антонио ќе ја започне својата НБА кариера. Ова откако „Спарси“ на драфт лотаријата и го доби правото на првиот пик, на кој прв избор се очекува да биде 19-годишниот Французин играч на екипата на Метрополитен.
За подобро да го запознае светот, НБА дури реши да ги откупи преносите од натпреварите на неговиот тим во француското првенство, каде во текот на сезоната имаше просек од над 20 поени, па воопшто не беше чудно што американските медиуми, беа во домот на Вембањама во Париз, каде заедно го следеа овогодинешниот драфт.
„Отсекогаш сум бил тимски играч.
Ќе направам се што е во моја моќ за да победам што повеќе натпревари.
Сакам да освојам прстен што е можно поскоро, затоа бидете подготвени”,
Видно еуфорично изјави Вембањама, откако дозна дека ќе игра во НБА лигата од следната сезона, и тоа во дресот на „Спарси“ чии фанови исто така со голема еуфорија го дочекаа драфт лотаријата.