Најдобриот македонски кошаркар во моментов Ненад Димитријевиќ повторно беше јунакот на својот тим, Уникс Казан кој стигна до втората победа во финалето на ВТБ лигата против Локомотив Кубан (82-81).
Популарниот Нено, беше втор стрелец во својот тим со постигнати поени, имаше и 4 скока и 6 асистенции, а клучна беше последната.
Имено, на 6,8 секунди пред крајот на натпреварот, при водство на противникот од 81:80, во последниот напад на Уникс Казан, токму по правовремено додавање на Димитриевиќ, Американецот Маркос Најт постигна кош за 82-81 за гостите.
Иако домашниот тим го имаше завршниот напад, сепак играчите на Локомотив не успеаја да реализираат, па Нено и Уникс заслужено се радуваа на втората победа, за водството од 2:1 во серијата подобар до четири.
И следниот натпревар закажан за во сабота (од 13 часот) повторно ќе се игра во Кубан.