Титулата за најкорисен играч на НБА оваа година оди кај Џоел Ембиид. Центарот на Филаделфија конечно успеа во она што не го направи во претходните две сезони, кога заврши на второто место, а наградата ја добиваше Никола Јокиќ.
Сега Србинот го препушти тој примат на Камерунецот, а воедно Јокиќ пропушти можноста да се израмни со трите легенди во НБА лигата, Бил Расел (1961-1963), Вилт Чембрлен (1966-1968) и Лери Бирд (1984-1986), кои само тројцата кошаркари во историјата на лигата што три години во низа го освојувале признанието МВП.
До признанието Најкорисен играл во регуларниот дел од сезоната, Ембиид стигна со просек од 33,1 поени, 10,2 скока и 4,2 асистенции по натпревар, на тој начин оставајќи ги зад себе големите конкуренти, Никола Јокиќ и Јанис Антетокумпо.
Гркое е единствениот од ова тројка кој уште по првата плејоф рунда го заврши настапот, додека Филаделфија и Денвер играат во конференциските полуфиналиња.