Најдобрите скијаќи во машка конкуренција денеска се натпреваруваа во најбрзата дисциплина, спустот. На трката во италијанското Бормио, најбрз беше Винсент Крихмајер.
До својата втора овосезоска победа во спуст, Австриецот стигна со 40.стотинки побрзо време до Канаѓанец, Џејмс Крофорд, односно 68.стотинки побрзо од трето пласираниот Александер Омот Килде од Норвешка.
Водечкиот во севкупниот Генерален поредок, Швајцарецот, Марко Одермат кој денеска заврши на четвртата позиција.
Утре, најдобрите светски скијачи, на истото место, ќе се натпреваруваат во супер-велеслалом