Македонската ракометна јавност повторно ќе ужива во врвен ракомет во рамките на 11.коло од домашната Супер лига. Во дербито, екипата на Алкалоид на свој терен во салата „Автокоманда“ го пречекува македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер. Ова големо ракометно дерби носи огромно значење за изгледот на врвот од првенствената табела.
Домашниот состав на Алкалоид посакува враќање на победничките патеки по поразот од актуелниот шампион Вардар. Од друга страна, битолчани кои пред две кола загубија од Вардар сега во Скопје доаѓаат по големиот триумф над Грмерсбах синоќа во ЕХФ Европската лига.
Меѓусебните пресметки на овие два ривала секогаш носат голема неизвесност, борбеност и вистински ракометен спектакл. И за двата тима овој дуел ќе се смета за бодови и во новоформираната Регионална ракометна лига.
Дерби натпреварот во салата „Автокоманда“ во Скопје ќе се одигра в четврток (19 ноември), со почеток од 18:00 часот.
Во пресрет на овој дуел Еурофарм Пелистер се наоѓа на третото место на табелата со 17 бодови, а Алкалоид е четврти со еден помалку (16)
Водечкиот Вардар кој има 20 бодови, ќе има лесна задача во дуелот со Мулти Есенс. На второто место е тимот на Охрид кој вчера во првиот меч од 11.коло го совладаа Тиквеш на гости.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | И | гол +/- | Б |
|---|


























