Вториот денешен дерби дуели одигран во Кратово, каде се сретнаа вечните ривали Силекс и Вардар заврши со победа на гостите. Екипата на Вардар, благодарение на голот на Закариќ, славеше со 0-1, во натпреварот од 13.коло на Првата лига.

Првите возбудувања ги видовме пред гостинскиот гол. Кратовци во 26.минута успеаја да ја затресат вардаровата мрежа, но голот беше поништен поради офсајд. Гостите од Скопје во завршните пет минути се заканија во три наврати, Данев, Матиќ и Омерагиќ имаа убави можности, но без ефект. Затоа на полувреме се замина со почетните 0-0.

Затоа пак уште на отворањето на вториот дел (46.минута) по брзата акција од левата страна Горан Закариќ ја затресе мрежата на Џеков и му донесе водство на Вардар од 0-1.

По примениот гол избраниците на Васоски заиграа поофанзивно. Во 76.минута Богдановски имаше голема можност за израмнување, но Талески со прекрасна одбрана не го дозволи тоа. Во 86.минута домаќините успеаја да ја затресат мрежата на вардарци, но и овој гол не беше признат поради офсајд ситуација. На истекот од 90-тата минута уште една идеална шанса имаа кратовци, но не успеаја да ја реализираат и да израмнат.

Така Вардар од Кратово замина три бода со кои сега имаат 24 колку и трето пласираниот поред нов Тиквеш. Екипата н силекс остана на 21 бод и на петтата позиција на табелата/

А, нов лидер Струга Т.Л. која со 1-0 ја совлада тетовска Шкендија во првото денешно дерби.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање