Првиот од двата денешни дерби натпревари во ПМФЛ, им пропадна на фудбалерите на Струга Трим Лум. Натпреварот во Струга заврши со победа на домаќините кој со голот на Христијан Маледвски9 ја совладаа тетовска Шкендија со 1:0.

Уште во третата минута беа најавени возбудувањата. По дуелот на Бојку и Красниќи во шеснаесетникот на домаќините судијата Трпчевски покажа ја белата точка, Но, по прегледувањето на ВАР снимката одлуката беше поништена. На спротивната страна во 16.минута се обиде Радески со глава, но биеше крај голот на тетовци. Само шест минути подоцна, двојна шанса за гостите, обидите на Красниќи и Тамба, на крајот завршија само со корнер за Шкендија.

Во вториот дел повторно се играше отворено. Тренерот на домаќините Бледи реши во игра да го уфрли Христијан Малевски и не згреши. Во 72.минута по една брза контра и нафрлување од левата страна Малески беше на вистинското место и со глава го совлада гостинскиот голман, за водство на стружани од 1-0.

Тетовци беа решени да останат не поразени, па тргнаа уште по силовито кон домашниот гол. Во самиот финиш (86.минута) судијата Трпчевски уште еднаш покажа пенал за Шкендија, но и овојпат ја преиначи својата одлука.

Со оваа победа Струга изби на 1.место на табелата со два бода повеќе од тетовци.

Покрај овој натпревар, во Кратово денеска играат Силекс и Вардар, а таму на полувремето е 0-0.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање