Во Првата македонска фудбалска лига денеска се играат два нови натпревари од 13-то коло. Тоа се дерби дуелите во Струга и Кратово каде играат четири од петте тима кои се во трка за шампионскиот трофеј.

Екипите на Струга и Шкендија од 12 часот ќе се соочат во директен дуел за лидерската позиција на прволигашката табела.

Тетовци во моментов се први со 27 освоени бода, само еден повеќе од второпласираните стружани кои играат пред својата публика. Домаќините влегуваат со голема самодоверба по победата над Вардар во Скопје, што за нив беше четврти триумф по ред. Сепак, Шкендија нема пораз во последните четири првенствени кола и славеше на претходните четири меѓусебни пресметки против денепниот ривал.

На последните седум (7) натпревари Струга е без победа над Шкендија (три нерешени во 2025 година и четири порази во 2026 година) сметајќи ја и елиминацијата на пенали во Купот. Последната победа на стружани датира во април 2025 во полуфиналниот Куп натпревар.

Само еден час подоцна, од 13 часот, екипата на Силекс во Кратово ќе го пречека шампионот Вардар.

Скопските црвено-црни се четврти со 21 бод и бараат враќање на победничките патеки по домашниот пораз од струшкиот прволигаш. Вардарци ги добија последните четири меѓусебни дуели против кратовци, вклучувајќи го и убедливиот триумф од 4:1 во август годинава.

Силекс се наоѓа на петтата позиција со 17 бода и игра во одлична форма, без пораз на последните пет официјални натпревари. Кратовци во претходните три меча не примија ниту еден гол, што најавува тешка задача за офанзивата на скопскиот тим.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање