Кошаркарите на Работнички и по петтиот првенствен натпревар, остануваат единствената екипа во македонската Супер рига, кој има перфектен учинок. Тимот на Работнички го совладаа составот на Скопје со 89:79 во СЦ „Јане Сандански“, запишувајќи ја петтата победа сезонава.

Воведните десет минути донесоа изедначена кошарка и дури шест резултатски израмнувања, а домаќинот ја доби првата четвртина со минимални 20:17. Гостите ја презедоа иницијативата во вториот период и преку тројката на Николов стигнаа до пет поени предност (33:28). Скопје брзо се врати во игра и израмни на 40:40 во 19. минута од натпреварот. Сепак, „црвено-белите“ во финишот на полувремето врзаа пет поени и на одмор заминаа со водство од 45:40.

Клучниот момент на средбата се случи во третиот период, кога Работнички одигра доминантно во двата правци. За само седум минути игра во второто полувреме, гостинскиот состав изгради убедлива предност од 15 поени (67:52). Рутинската контрола на резултатот им овозможи влез во последната четвртина со комотни 75:60, што беше недостижно за домашните кошаркари.

Прво име во победничкиот табор беше центарот Роберт Рикиќ, кој доминираше под обрачите со 29 поени и осум скока. Одличен придонес имаше и Дарин Говенс со 12 поени, осум асистенции и пет скока, додека Ефремовски додаде 10 поени. Кај Работнички се истакнаа уште Робев и Николов, кои реализираа по девет поени за продолжување на победничката серија.

Во поразениот тим на Скопје најефикасен беше Колин Паркер со 23 поени и осум скока. Него го следеа Џонс со 18 и Миловановиќ со 10 постигнати поени.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П И кош +/- Б