Кошаркарите на Штип Дебитантот во кошаркарската Супер лига, тимот на Штип, конечно се израдува на победа. Во натпревар од 5.коло, одигран пред својата публика, екипата на Штип во израмнет натпревар ја победи Струмица со 87:81.

Пресметката во салата „Џексон“ во Штип донесе голема неизвесност и жестока борба. Домаќините подобро го отворија мечот и ја добија првата четвртина со 15:11. Струмичани во вториот период заиграа поангажирано и намалија на 40:37 на полувремето.

И по израмнетата третата четвртина која домаќините ја добија со поен разлика, решавачката предност Штип ја направи во последната четвртина. На стартот на последниот квартал, избраниците на Марјан Србиновски со серија од 6:0 стигнаа до најголема предност пд 10 поени разлика. Гостите одговорија со серија од 10:2 и во финишот се приближија на само два поени. Сепак искусниот тим на „ветерани“ на Штип не дозволи гостите комплетно да направат пресврт. Со „мирна рака“ ги погодија одлучувачките слободни фрлања за конечен триумф.

Во редовите на победничкиот состав најефикасни беа Димчевски со 20 поени, како и Караколев и Хамилтон со по 19 поени, додека гостите од Струмица беа предводени од расположените Џејкобс и Пандев со по 19 поени,

Ова е првата радост за Штип, а трет пораз за Струмица, која пред само три дена го совлада шампионот МЗТ Скопје.