Ракометарите на Бутел Скопје забележаа победа од 25:24 против хрватска Горица, но тоа не беше доволно за пласман во следната фаза. Македонскиот претставник не успеа да ја надополни негативата од три гола разлика по првиот натпревар одигран на гостински терен.
Избраниците на тренерот Стојанче Стоилов одиграа борбен и неизвесен реванш во второто коло од ЕХФ Европскиот куп пред домашната публика. Домаќините имаа одличен финиш кога во 53.минута поведоа со 23:20 и дојдоа на чекор до посакуваната цел. Сепак, гостите од Хрватска брзо возвратија со серија клучни погодоци и го обезбедија својот настап во третата рунда од натпреварувањето.
Најдобар стрелец во домашниот табор беше Дамјан Субашевски со седум постигнати гола, додека Кристијан Стаменковиќ ја затресе мрежата четири пати. Во гостинскиот состав најмногу се истакна Марко Караула.
И покрај елиминацијата од европската сцена, ракометарите на Бутел покажаа карактер кој ветува добри настапи во домашното првенство.



































