Две од трите македонски екипи претставници во ЕХФ Европскиот куп, Алкалоид и Бутел, денеска ќе ги играат своите први натпревари. Во рамките од 2.коло на третото квалитативно натпреварување, овие две скопски екипи го почнуваат својот европски настап.

Први на теренот и тоа Горица, Хрватска ќе истрчаат ракометарите на Бутел. Избраниците на Стојанче Стоилов нема да имаат ни малку лесна задача во дуелот против хрватската екипа, која ја има улогата на фаворит.

Овој натпревар ќе стартува во терминот од 18 часот.

Еден час подоцна (19 ч.) во салата Автокоманда во Скопје, на терен ќе излезат ракометарите на Алкалоид. Шампионот во ова натпреварување пред две сезони, Алкалоид за противник ќе го има австрискиот Ферлах.

Избраниците на Кирил Лазаров важат за фаворити во овој двомеч, но Лазаров, како и секогаш, ќе бара максимален пристап во натпреварот.

Реванш натпреварите се играат следниот викенд, за кога е закажан и двомечот меѓу Охрид и Спорт Тото. Во договор на двете екипи, актуелниот шампион во Европскиот куп, Охрид ќе биде домашен на двата натпревари.