Вториот дел од второто коло во фудбалската Лига на шампиони носи нови интересни дуели. Во центарот на вниманието е големото дербито што ќе се игра на „Етихат“ во Манчестер, а интересно се очекува да биде и во Рим на „Олимпико“.

Манчестер Сити го пречекува актуелниот европски шампион ПСЖ. Двата тима кои се меѓу топ фаворитите за највисок пласман, стартуваа со победи во првата рунда. Екипите поседуваат огромен индивидуален квалитет и силна желба за доминација во елитата на стариот континент.

Ништо помалку возбудливо нема да биде и во Рим каде Рома го пречекува славниот Реал Мадрид на „Олимпико“. „Кралскиот“ клуб има подобра меѓусебна традиција со осум победи наспроти трите триумфи на италијанскиот претставник во досегашните дуели. Шпанскиот гигант славеше на последните четири средби, па римската „волчица“ вечерва бара прекин на оваа долга негативна серија.

Во сенка на овие дерби пресметки, англискиот Ливерпул важи за голем фаворит на гостувањето кај австрискиот претставник ЛАСК.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2 КОЛО

18:45 часот
ФЕЕНОРД – КОМО
ЛАСК – ЛИВЕРПУЛ
21:00 часот
РОМА – РЕАЛ МАДРИД
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ПСЖ
АСТОН ВИЛА – ФЕНЕРБАХЧЕ
БЕТИС – ПОРТО
БОДО/ГЛИМТ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
ШАХТЈОР – АЕК
СЛОВАН БРАТИСЛАВА – ШТУТГАРТ