Интер Мајами стави крај на црната серија од пет натпревари без триумф во американската МЛС лига. Главни протагонисти на теренот беа светските фудбалски ѕвезди Лионел Меси и Луис Суарез.
Тимот од Флорида во 28.коло славеше убедлива победа против Ди Си Јунајтед со чисти 4-0.
Уругвајскиот голгетер го отвори резултатот уште во 3. минута по одлична акција на домашните фудбалери. Суарез во 39. минута повторно ја затресе мрежата на гостите и зголеми на 2-0.
На самиот почеток од вториот дел продолжи тоталната доминација на составот од Мајами.
Во 47. минута Суарез асистираше до Меси, кој прецизно биеше за предност од 3-0. Аргентинскиот волшебник во 60. минута постигна нов прекрасен погодок и го постави конечниот резултат на натпреварот.
По овој триумф, Интер Мајами се врати на второто место на табелата во Источната конференција. Екипата од Флорида има еден бод повеќе од Чикаго, а два од Њу Ингланд. Убедливо прв е составот на Нешвил, кој има 14 бода повеќе од второрангираниот Интер Мајами.





































