Откако вчера беа одиграни првите два натпревари од 9.коло во Првата лига, денеска на програмата се нови два. Во нив ќе играат двете првопласирани екипи од минатата сезона, шампионот Вардар и вицепрвакот тетовска Шкендија.
Поинтересен се очекува да биде дуел на двете Шкеднии.
Актуелниот лидер Шкендија од Тетово ќе гостува кај својот имењак Шкендија од Арачиново. Тетовци имаа извонреден старт на првенството. Но на последните три натпревари освоија само четири бодови.
Домашниот тим од Арачиново е незгоден противник. Шкендија Арачиново моментално е на петтото место со 13 бода и ќе бара изненадување против големиот фаворит. Пред поразот од Вардаре во последното (8) коло, арачиновци беа во низа од четири победнички натпревари. Затоа овој дуел што ќе се игра на стадионот Чаир ќе биде исклучително интересен.
Овој натпревар ќе стартуваат во 13 часот, а два часа подоцна (15) на програмата е вториот денешен дуел.
Во него, шампионот Вардар ја има улогата на апсолутен фаворит во дуелот со последно пласираниот тим на табелата Скопје.
Новиот вардаров тренер Црногорецот Миодраг Божовиќ ,,Гроф” имаше доволно време (за репрезентативната пауза) добро да ги запознае фудбалерите. Вардар моментално се наоѓа на третата позиција со четиринаесет бода. Низата на позитивни резултати на последните натпревари им дава огромна самодоверба на вардарци за нов триумф. Домашниот состав на Скопје е единствениот во прволигашкото друштво кој сè уште нема забележано победа оваа сезона. Фудбалерите на Скопје се на дното имаат само три бода.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



































