Екипите на Аресими и Силекс ја продолжуваат својата низа без победа во прволигашката македонска конкуренција. Нивниот меѓусебен, денешен, натпревар одигран го Гостивар заврши без победник 1-1.

Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здби Колумбиецот, Диего Контрерас од Арсими, по што со амбулантно возило мораше да биде изнесен од теренот.

Првата голема шанса ја имаа гостите од Кратово, кога во 18.минута Хасукиќ пропушти да му донесе водство на Силекс. Избраниците на Васоски постојано притискаа кон домашниот гол. Нова голема можност пропушти Талаков во 32.минута, кога од 12.метри не бранет од никој, биеше крај голот на Аресими. Сепак, првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0.

А, по само 90-тина секунди игра во второто полувреме, Силекс поведе со 0-1. Несреќната интервенција на домашниот фудбалер Џемаили, голманот Сиљановски не успеа да ја коригира, па топката заврши во неговата мрежа. Сепак во 53-тата минута домаќините успеаја да израмнат со голот на Гаје.

Иако во продолжението гостите од Кратово имаа неколку шанси за втор погодок, сепак домашниот голман Сиљановски не го дозволи тоа. Најзрелата шанса за втори гол за Аресими ја имаше Рамадани кој ја погоди пречката од голот не Џеков. Последната шанса, за победа, ја имаше фудбалерот нас Силекс, Мицов во судиското дополнение, но и по неа резултатот остана не променет 1-1.

За Силекс ова е шести натпревар без победа, (три порази, па три реми дуели), а Аресими, го одигра петтиот меч без да се израдува на победата.

Во првиот денешен натпревар, Тиквеш ја победи штипска Брегалница со 3-0.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање