Фудбалерите на Тиквеш ја остварија четвртата победа во Првата македонска лига.
Во воведниот натпревар од 9.коло одигран во Кавадарци, домаќините ја победија Брегалница со 3-0.
Уште во третата минута Лавал ја искористи заспаноста на гостинска одбрана и му донесе на Тиквеш водство од 0-1. Не мина долго време до вториот гол. Веќе во 16.минута Тиквеш поведе со 0-2, благодарение на автоголот на Темелков.
И во второто полувреме, домашните фудбалери беа оние кои ја контролираа играта.
Создадоа кавадарчани неколку шанси гол, а искористија само една. Тоа го направи Лусианињо во 85.минута кога ги постави конечните 3-0 за Тиквеш. Со оваа победа кавадарчани се искачуваат на 4.,место на табелата, зад тетовска Шкендија и Стига ТЛ, а пред Вардар, во исчекување на нивните настапи.
Покрај овој натпревар денеска се игра и дуелот меѓу Аресими и Силекс.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



























