Екипата на Интер Мајами стигна до нов трофеј во клупската историја откако со 2-0 го совлада мексиканскиот Круз Азул во финалето на Шампионскиот куп на Централна и Јужна Америка.

И повторно творец на овој успех на тимот од Флорида беше Лионел Меси.

Аргентинецот во 24,минута беше стрелец на првиот погодок за Интер мајами, што беше негов 100-ти во дресот на овој клуб. Куриозитетно е што и првиот погодок за оваа екипа, Меси го постигна против истиот противник.

Меси уште еднаш ја затресе мрежата на противникот, но голот не беше признат поради офсајд. Затоа пак во вториот дел по неговиот корнер Каземиро ја запечати победата за својот клуб.

Ова е веќе четврти пехар за Интер Мајами од доаѓањето на Меси, со што тимот ја продолжи трофејната серија на меѓународната сцена. Тимот од Мајами предводен од Меси го освои Лига Купот во 2023 година, Купот на Навивачите во 2024 година и МЛС Купот во 2025 година.