Македонскиот првак Вардар го претрпе вториот пораз во лигата на шампоните. Во првиот меч пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“, Вардар загуби од францускиот Нант со 32-33.

Вардарци одлично го отворија натпреварот и поведоа со 3-0. Водеа црвено-цените до 12.минута, кога на семафорот стоеше резултатот 8-7. А потоа следуваше „црн” период од речиси пет минути без постигнат гол. Тоа ракометарите на Нант го казнија со пет не одговорени голови и поведоа со четири разлика 8-12. Од тој момент избраниците на Иван Чупиќ постојано бркаа негатива, но францускиот состав на полувреме замина со гол предност 15-16 .

Во второто полувреме се водеше голема битка. Макеоднскиот шампион постојано ја бркаше негативата од гол-два, за конечно во 51.минута, да поведе, прво со гол, а потоа и два разлика 29-27. „Црвено-црните“ имаа водство до 58.минута кога Нант успеа да израмни на 32-32, а во следниот напад Французите не реализираа напад за водство.

Вардар имаше напад за водство, но Малус не реализира на 45.секунди пред крајот. На 15.секунди пред крајот беше досуден седмерец за гостите кој со својот 13 гол, Леополд го претвори во водство на Нант 32-33. Последната шанса за Вардар да остане не поразен, ја изјалови гостинскиот голман Блонде со својата осма одбрана.

Најефикасен во тим на Вардар беше Египќанецот, Абделхак со 10, додека Мачлус постигна 6 гола, но не ги реализира последните два напади на вардарци.

Следниот натпревар вардарци во Лигата на шампионите ќе го играат на 8 октомври, повторно пред домашната публика, кога ќе гостува полската екипа Висла Плоцк.

Следете нé на социјалните мрежи