Ракометната федерација на Македонија, повторно ќе го организира силниот меѓународен турнир за ракометарки „Трофеј Македонија“. Охрид пак ќе биде домаќин на турнирот што ќе се одржи од 24 до 26 септември во СЦ „Билјанини Извори“.
На турнирот ќе настапат женските сениорски репрезентациите на Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора. Во текот на трите натпреварувачки дена љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат шест натпревари.
Распоред на Македонија:
24.09 четврток | 18:00 Македонија – Србија
25.09 петок | 17:30 Македонија – Црна Гора
26.09 сабота | 19:00 Македонија – Хрватска 🇭🇷
Новиот македонски селектор, Црногорецот, Игор Марковиќ, пред два дена, го објави списокот на ракометарки кои се повикани за овој турнир.






































